fbpx

gnport-logo-nonstick-yellow

Нелепливи премази

Претпријатието GNPORT – Пуртулоглу, со своето 25-годишно искуство во производството во областа на пекарство-слаткарство, создаде една нова производна единица што се специјализира во нелепливи “тефлонски” премази.

Нашите нелепливи намази се одликуваат со:

висок квалитет
температурна отпорност
рок на траење
издржливост

Други примени

Апликацијата на нелепливи премази не се ограничува само на садови за пекарство и слаткарство, туку и во голем број други области на производство, како на пример резервоари, разни садови, садови за длабок печат или флексографија (флексо печат), апарати за палачинки.

gnport-eidikes-efarmoges-01
efarmoges-with-shadow-all
gnport-eidikes-efarmoges-03
gnport-eidikes-efarmoges-04
efarmoges-with-shadow-all-05
gnport-eidikes-efarmoges-06
gnport-used-nonstick-trans-3

употребени производи

Исто така, професионалните лица (пекари – слаткари) имаат можност да ги праќаат своите користени садови за примена на нелепливи намази, преку специјални процеси за преработка и чистење.

Предности на нелепливиот премаз

За омастување на плеховите и калапите за печење е потребна многу помалку маст
Лесно отстранување на испечениот производ
Лесно чистење
Нерѓосувачки
Издржливост на високи температури (до 260 °C)
Одобрен согласно соодветните Европски регулативи

Упатства за одржување на садовите со нелеплив премаз

Не чистете ги садовите со челични четки или ножеви, бидејќи тоа може да го оштети нелепливиот премаз.
Чистете ги садовите со вода и неутрален детерџент. Киселите и алкалните средства за чистење може да го оштетат нелепливиот премаз.
Проверете дали плеховите и калапите се сосема суви пред да ги складирате или да ги поставите еден над друг.
Не почнувајте со печење кога садовите се влажни или празни.
Бидете внимателни кога ги складирате и употребувате плеховите и калапите за печење, за да не предизвикате оштетување на нивната површина со нелеплив премаз.
Многу е важно да ги складирате садовите во чиста и сува просторија.
Отстранете го печениот производ што е можно побргу од садовите.